Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
Општи одредби
Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Ексклузив ДОО може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Материјали кои ги проследува корисникот
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот delicato.com.mk со цел купување на производи строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Ексклузив ДОО се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Ексклузив ДОО на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. delicato.com.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Купување со доверба
За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница не мора да бидете наш регистриран корисник.
Содржина на корпата
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.
Нарачување на производи од корпата
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за “ПРИФАЌАМ” за да го извршите плаќањето. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ“. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.
Достава
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.
Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од понеделник до петок од 9 до 17 часот
Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
Рекламации
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@delicato.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку карго на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Заштита на приватноста на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Ексклузив ДОО дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Ексклузив ДОО се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.